Новата верзија на Material Design сега е отворен на интерпретација
Софтверскиот дизајн на Google наречен Material Design се појави во 2014. година и набрзо се прошири како нов дизајнерски јазик за Android. Иако подоцна се појавија верзии за веб и iOS, неговата првична идеја беше задржана.
Софтверот се залагаше да има физички правила во дизајнирањето на еден софтвер, поточно да има правила како да се однесуваат софтверските елементи, како што се копчињата и листите.
Новата верзија на Material Design нуди дизајнерски совети и целосен асортиман на алатки за дизајнерите да ги земаат фундаменталните правила на софтверот и да го приспособат да одговараат на нивниот бренд или продукт.
Има нов едитор на главните теми кои што дизајнерите ќе можат да го користат за да импортираат нова тема во софтверот заедно со нови икони и палети од бои кои што ќе можат да ги користат.
Моментално Google веќе почна да го користи новиот систем, создавајќи свои теми во софтверот кои ќе се користат во новите апликации на Gmail и Tasks.
Главната идеја зад креирањето теми во Material софтверот е тоа што Google ги раздели стилот на дизајнирање и функционалноста, која е потребна во софтверот. Сега можете да ја направите функционалноста и после независно од неа да го изразите твојот стил и замислен дизајн.