Платформата X, како и Threads, сепак имаат значително поголем број на корисници во споредба со Bluesky.
Изборот на Трамп за нов американски претседател и неговото внесување на технолошкиот магнат (и сопственик на платформата X) во неговата администрација, исто така, имаа влијание на пазарот на социјалните медиуми.
Откако Маск го презеде Twitter, многумина најавија повлекување од мрежата, што некои корисници го направија, а по поддршката на Маск за Трамп следеше нов бран на, како што го нарекуваат „Twitter напуштања“. Според претходните информации на Форбс, во септември минатата година социјалната мрежа Х имала 588 милиони глобални корисници, што е пад од 611 милиони во април минатата година, а одливот на корисници на Твитер продолжи и после тоа.
Други компании се обидоа да ја зграпчат својата шанса на овој пазар, а најголем успех досега постигна Цукерберг, чиј конкурент на X, Threads, за кратко време собра голем број корисници, а според последните податоци таа бројка е околу 275 милиони дневно.
Голем раст по изборите во САД
Друга социјална мрежа чија популарност расте доста брзо е Bluesky. Она што е особено интересно за оваа мрежа е тоа што е создадена во рамките на Twitter, на чие чело тогаш беше Џек Дорси.
Популарноста на оваа мрежа почна да расте по купувањето на Twitter од Маск, а бројот на нејзини корисници почна значително да расте по изборите во САД. Оттогаш се зголеми за околу 15 милиони и сега изнесува 32 милиони. Интересно е што многу нови корисници на оваа мрежа како една од своите први објави ги споменаа американските избори, што покажува дека Трамп и Маск се причината поради која се одлучиле да одат на алтернативата.
Бројот на корисници на Bluesky во септември беше девет милиони, а платформата неодамна го доби својот прв корисник со повеќе од милион следбеници – американската политичарка Александрија Окасио-Кортез, чиј број на следбеници сега се приближува до два милиони.
Иако ова се мали бројки во споредба со платформите X и Threads, јасно е дека Bluesky станува сè попопуларен, но прашање е колку брзо овој број на корисници ќе расте во иднина и дали во одреден момент навистина ќе може да ги загрози мрежите кои имаат значително поголем број на корисници.
Алтернативата на платформата X расте со брзо темпо: Дали сте ја пробале?