YouTube најави промени во начинот на прикажување на рекламите што ја прекинуваат основната видео содржина.

Сигурно ви се има случено оваа ситуација. Гледате интересно видео на YouTube и токму кога ќе дојдете до интересниот дел, се појавува реклама и веднаш го убива расположението. Ако ова ви звучи познато, не сте сами, а ретко кој на ова не би реагирал со псовка.

Сепак, YouTube конечно ја зазема страната на своите гледачи со објавување на ажурирање на рекламите за време на репродукцијата на видеото.

Рекламите и огласите на YouTube отсекогаш изгледале премногу агресивни и инвазивни. Поради ова, многу корисници се потпираат на блокатори на реклами само за да уживаат во омилената видео содржина. Наместо да се обидува да ги принуди корисниците да гледаат реклами, YouTube го прилагодува начинот на кој функционираат рекламите во тек за да ги направи помалку иритирачки.

Според YouTube, рекламите за време на репродукцијата на видеото сега ќе се појавуваат на „природни точки на пауза“ – при паузи или транзиции во видеото каде што прекинот е помалку вознемирувачки. Ова значи дека нема повеќе реклами кои ќе ја прекинуваат средината на реченицата или ќе уништуваат драматичен момент.

Најдобриот дел е што креаторите кои користат реклами за автоматска репродукција не мора да прават ништо – овие промени ќе се применат автоматски. За оние кои рачно поставуваат реклами, YouTube Studio сега ќе дава повратни информации, помагајќи им на креаторите да избегнуваат реклами кои изгледаат премногу оттргнувачки.

Ако YouTube го сфати ова како што треба, рекламите за време на репродукцијата на видеото конечно би можеле да се чувствуваат помалку како ненадеен прекин – и повеќе како мала пауза што едвај ја забележувате.