На небото вечерва во линија ќе бидат видливи седум планети, што е редок феномен познат како „парада на планетите“, а следниот пат овој феномен ќе биде видлив во 2040 година.
Од јануари на небото со голо око може да се видат Венера, Марс, Јупитер и Сатурн, а со помош на телескоп Уран и Нептун, кои од Земјата изгледаат како да се распоредени во линија.
Меркур ќе им се придружи на овие небесни тела денес.
Меркур, Венера, Јупитер и Марс ќе бидат видливи со голо око, Сатурн ќе биде потешко да се види бидејќи ќе биде ниско на хоризонтот, додека Уран и Нептун може да се видат само со телескоп, пишува Science Alert.
Не е невообичаено неколку планети да се наоѓаат на иста страна на Сонцето во исто време, но поретко е вака да се порамнат повеќето или дури и сите планети.
Било кој број на планети од три до осум претставува порамнување, а склопот на пет или шест планети е познат како големо порамнување.
Порамнувањата на пет планети се значително почести од шест, а големите порамнувања со седум планети се најретки.
Порамнување на четири или пет планети, кои се видливи со голо око, се случува на неколку години, а кон крајот на август, четири планети ќе бидат видливи одеднаш пред изгрејсонце.
Поврзани артикли