Google Maps го преименуваше Мексиканскиот залив во Американски залив за американски корисници откако владата на САД еднострано донесе таква одлука.
Мапите за корисниците надвор од САД ги имаат двете имиња на нив.
Технолошкиот гигант ја објави промената пред неколку дена, наведувајќи ја својата „долгогодишна практика на менување имиња кога се ажурирани во официјални владини извори“.
Американскиот одбор за географски имиња во понеделникот официјално го преименуваше заливот на јужниот брег на САД и на источниот брег на Мексико, откако американскиот претседател Доналд Трамп нареди ново име во чест на „американската величина“ веднаш по преземањето на функцијата.
Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум одговори: „За нас тоа ќе продолжи да биде Мексиканскиот Залив и за целиот свет ќе продолжи да биде Мексиканскиот Залив“.
Корисниците надвор од САД сега прво го гледаат Мексиканскиот Залив, а покрај него во загради Американски залив – слично на другите случаи кога различни земји користат различни имиња за иста географска локација.
Поврзани артикли