Како што се приближуваме до официјалниот ден на претставување на серијата Galaxy S25, се појавуваат се повеќе детали за новите телефони.

Овој пат имаме можност да видиме фотографии на кои се гледаат Galaxy S25 или S25+ (изгледаат идентични и се разликуваат само по големина) од едната страна и Galaxy S25 Ultra од другата страна.

На првата фотографија се забележува интересен детал, а тоа е дека бојата на надворешниот дел од прстенот околу камерата се совпаѓа со бојата на задниот дел на телефонот.

Како што можете да видите, рамката е рамна, како и екранот, додека рамки околу екранот се исклучително тенки (потенки од ланските).

Кога станува збор за S25 Ultra, бојата на прстенот околу камерите овојпат е во иста боја како рамката, а не задната страна, но тоа најверојатно ќе зависи од бојата на телефонот што ќе ја избере корисникот.

Повеќе пати е потврдено дека Ultra ќе има заоблени рабови. Екранот е рамен, со прилично тенки рамки, а забележливо е и полето Now Brief, кое би требало да ги понуди „најважните информации за денешницата“.

AI се промовира на сите протечени рендери. Многу извори споменуваат и зголемување на цената за серијата Samsung Galaxy S25, но го добиваме Snapdragon 8 Elite на сите модели и пазари.

Samsung ќе ја претстави новата серија на уреди Galaxy S25 на 22 јануари.