За време на саемот CES, Asus претстави интересни иновации во форма на гејмерски лаптопи, како и напредна опрема за игри.

Корисниците на лаптоп, кои избираат помали и полесни модели, повремено имаат потреба од перформанси за играње. За нив, Asus ја нуди надворешната графичка картичка ROG XG Mobile.

Овој додаток користи стандардна порта Thunderbolt 5 за поврзување со вашиот лаптоп и е компатибилен со Thunderbolt 4 и USB4 уредите.

ROG XG Mobile доаѓа во две варијанти – со графички процесор за лаптоп NVIDIA GeForce RTX 5090 и графички процесор за лаптоп NVIDIA GeForce RTX 5070 Ti.

Покрај тоа што служи како надворешна графичка картичка, ROG XG Mobile има и адаптер за напојување, а портите вклучуваат две USB 3.2 Gen2 Type-A порти, HDMI 2.1, DisplayPort 2.1, Ethernet port 5Gbps и UHS-II MicroSD читач на картички.

Кога станува збор за гејмерските лаптопи, екстремните гејмери ​​ќе бидат воодушевени од новата серија ROG Strix SCAR. Овие лаптопи ги имаат најдобрите компоненти моментално достапни, вклучувајќи го и графичкиот процесор за лаптоп Nvidia eForce RTX 5090. Има и нов дизајн на куќиште, кој овозможува отворање на лаптопот со едно движење преку посебен механизам во долниот дел од куќиштето, што го олеснува чистењето и надградбата на меморијата и SSD. Дополнително, двослојниот ACR филм на екранот го намалува отсјајот за 55% и значително го зголемува контрастот.

Серијата на тенки и лесни гејмерски лаптопи ROG Zephyrus не го промени дизајнот во однос на минатогодишните модели, но најважните компоненти се подобрени. Новиот модел Zephyrus G14 од 2025 година е базиран на процесорот AMD Ryzen AI 9 HX 370, додека најмоќната варијанта користи графички процесор GeForce RTX 5080. Zephyrus G16, од друга страна, има процесор Intel Core Ultra 9 285H во комбинација со најновите графички картички, вклучувајќи го и најмоќниот модел GeForce RTX 5090.

Гејмерите ќе бидат задоволни и од гејмерскиот таблет ROG Flow Z13, со интегрирана графичка картичка Radeon 8060S, која обезбедува одлични перформанси со мобилноста на уредот. Уредот користи AMD Ryzen AI Max+ 395 процесор, додека 13-инчниот ROG Nebula дисплеј поддржува стапки на освежување до 180Hz и нуди заштита од Corning Gorilla Glass 5.