На почетокот на 2025 година, производителот на часовници Fossil одлучи да го напушти пазарот на паметни часовници кои го користат Google Wear OS.

Паметните часовници им биле интересен проект, но не успеале да го постигнат успехот на кој се надевале. Последните модели беа распродадени во текот на минатата година, освен еден – Citizen CZ Smart Gen 2, кој остана извесно време, но сега и истиот е повлечен од продажба.

Fossil соработуваше со Citizen, уште еден познат производител на часовници, за да создаде неколку паметни модели. Еден од нив, Citizen CZ Smart Gen 2, излезе во 2023 година, но уште од самиот почеток имаше многу проблеми, па дури и мораа да го повлечат од пазарот некое време. Сепак, се продаваше до крајот на 2024 година. Во меѓувреме, Fossil нудеше огромни попусти на своите часовници, што намами некои клиенти да ги пробаат.

Големите играчи го преземаат пазарот на паметни часовници
Сега, сите паметни часовници на Fossil ги нема, а компанијата се повлече од областа. Во меѓувреме, пазарот на паметни часовници го презедоа големите играчи како Google и Pixel Watch, или Samsung и Galaxy Watch, додека платформата Wear OS станува сè попопуларна.

Од друга страна, традиционалните производители на часовници како Fossil очигледно одлучија дека паметните часовници не се за нив.