Се појавија фотографии кои сугерираат дека Северна Кореја и ги доставува своите артилериски системи М1989 Коксан на Русија и дека најверојатно ќе завршат на линијата на фронтот во Украина.
Овие фотографии прво се појавија на руските социјални мрежи, а како што пишува порталот „The War Zone“, знаеме дека се севернокорејски бидејќи имаат бели тркала кои се карактеристични за парадната опрема на таа земја.
🇰🇵🇷🇺 | Russian channel published this low-quality photo of a North Korean M-1978/1989 Koksan 170mm self-propelled howitzer being transported by rail, presumably somewhere in Russia.
The caption: “We have an ally who fulfills agreements, for which we are very grateful.”… pic.twitter.com/3v5ucjhvjQ
— Status-6 (Military & Conflict News) (BlueSky too) (@Archer83Able) November 14, 2024
Станува збор за систем изведен од M1978, со топ од 170 милиметри поставен на подобрена шасија и со дострел до 60 километри со ракетни проектили.
Некогаш ова беше системот со најдолг дострел кој беше достапен за севернокорејската војска, но тоа не значи дека нема свои недостатоци.
Како прво, овој артилериски систем нема вграден транспорт на екипажот или заштитен оклоп, така што тоа мора да се монтира посебно, а може да пука двапати за пет минути, што е прилично бавно.
Друг проблем е муницијата, таа е многу ретка, па Русија ќе мора да зависи од увозот од Пјонгјанг.
Инаку, „The War Zone“ пишува дека системот Коксан порано се користел надвор од границите на Северна Кореја, односно за време на војната меѓу Иран и Ирак, кога бил анализиран од американската армија.
Засега не се знае точно за што ќе се користи, но секако придонесува за понатамошни приказни за вмешаноста на Северна Кореја во војната на страната на Русија.
Поврзани артикли