Најновите информации сугерираат дека Apple може да го реши проблемот со зумирањето со моделите на iPhone 17 Pro.

Неодамнешното тестирање на камерата што го направи DxOMark покажа дека актуелниот iPhone 16 Pro Max се бори да биде конкурентен со „кинеските“ модели на телефони, особено во областа на телефото сензорите.

Една од причините за тоа е резолуцијата од 12 MP на телефото сензорот, кој почнува брзо да ги губи податоците откако корисникот ќе почне да зумира.

Најновите информации, обезбедени од аналитичарот Џеф Пу, го потврдуваат она што беше претходно предложено – iPhone 17 Pro и iPhone 17 Pro Max ќе имаат телефото со перископ од 48 MP и предна камера од 24 MP.

Користењето телефото објектив со висока резолуција дефинитивно треба да го подобри нивото на детали на фотографиите создадени со зумирање поголемо од 5x.

Покрај ова, подобрувања се очекуваат и за селфи камерата која ќе има 24MP, во однос на предната камера од 12MP на моделот iPhone 16, пренесува MacRumors.