Google ќе додаде анонимен режим во апликациите Maps и Search. Таквата опција (Incognito Mode) постоеше со години во веб прелистувачот Chrome, но досега не беше достапна за корисниците на мобилни уреди, кои се потпираат на поединечни апликации, а не на прелистувачот за пристап до пребарувачот или мапите.

Активирањето на пребарувачот ќе биде исклучително лесно. Корисникот едноставно ќе мора да ја допре својата фотографија на профилот во Search, а потоа ќе може да го активира анонимниот режим.

Веројатно решението во Google Maps ќе биде слично.

Засега, сè уште е нејасно кога новиот додадток ќе биде достапен за сите корисници, но веројатно нема да мораме долго да чекаме и тоа ќе се случи во следните неколку дена по ажурирањето на двете апликации.

Таквата опција веќе постои во мобилната апликација на YouTube.