Apple ја претстави серијата iPhone 16, а моментално се активни пред-нарачките.

Apple нуди четири нови телефони: iPhone 16, iPhone 16 Plus, iPhone 16 Pro и iPhone 16 Pro Max, а продажбата започнува на 20 септември.

Сега аналитичарот Мингчи Куо сподели некои информации за тоа какви резултати остваруваат телефоните во пред-продажба.

Според неговите наводи:

  • Побарувачката за моделите iPhone 16 Pro и Pro Max наводно е во опаѓање;
  • Куо вели дека побарувачката за моделот iPhone 16 Pro Max е намалена за 16 проценти во споредба со минатогодишниот модел;
  • Побарувачката за моделот iPhone 16 Pro е намалена за 27 отсто во споредба со минатата година.

Интересно е што побарувачката за стандардните модели iPhone 16 и Plus оваа година се зголемува.

Стандардниот iPhone 16 има раст за 10 проценти во пред-нарачките, додека iPhone 16 Plus има импресивни 48 проценти.

Севкупно, испораките на серијата iPhone 16 достигнаа 37 милиони единици, што претставува пад од околу 12,7 отсто во споредба со линијата iPhone 15 во текот на првиот викенд.