Претходно оваа година, Амазон објави приход од 143,3 милијарди долари за првиот квартал. А како изгледаа предвидувањата пред четврт век?
Пред 27 години BBC се прашуваше кога ќе се остварат предвидувањата за доаѓањето на онлајн купувањето и дали тоа навистина ќе го „револуционизира“ интернетот. Разговарале со локални пекари, книжари, па дури и со Џеф Безос.
„The Money Programme“ беше емитувана во ноември 1997 година и неодамна беше додадена на каналот на YouTube на архивата на BBC.
Репортерот Нилс Блајт тргнува на симулирано „патување по информативниот автопат“ и разговара со продавачи кои имале различни нивоа на успех во онлајн трговијата во тоа време.
Меѓу нив беше мала пекара во Велика Британија која генерираше продажба од неколку илјади долари секоја година благодарение на меѓународната продажба, и британски ланец супермаркети кој имаше умерен успех во продажбата на намирници преку интернет, телефон, па дури и факс.
Блајт разговараше и со Џеф Безос, кој само две години претходно го отвори Amazon.com како онлајн книжарница.
Безос се пофали дека каталогот на Amazon со над 2,5 милиони книги е десет пати поголем од она што може да го чуваат најголемите книжарници и предвиде дека „по многу години, онлајн-продажбата на книги ќе стане многу голем бизнис“.
Би се рекло дека беше во право, барем што се однесува до неговата компанија.