Инсајдерот Ice Universe објави рендери за, како што тврди, претстојниот телефон Samsung Galaxy S25 Ultra.
Овој инсајдер, кој е познат по тоа што најчесто споделува точни информации на социјалните мрежи, објави и споредба на рендерот со оној што треба да го претставува iPhone 16 Pro Max.
Guess it pic.twitter.com/1LXF01SFsb
— ICE UNIVERSE (@UniverseIce) August 15, 2024
Судејќи според рендерот објавен од Ice Universe, S25 Ultra би можел да претрпи редизајн во споредба со претходните модели, па рабовите би можеле да бидат заоблени наместо остри.
Are you slowly accepting this design now? I know you will definitely not be used to it at first. But considering the comfort of the palm, this is more reasonable. pic.twitter.com/2twpH75BxK
— ICE UNIVERSE (@UniverseIce) August 19, 2024
Исто така, овој рендер го прикажува S Pen, како и специјална футрола за овој додаток. Секако, треба да се почекаат официјални информации, бидејќи додека нема информации се е на ниво на шпекулации.
S23 Ultra vs S25 Ultra pic.twitter.com/IDwNRuMken
— ICE UNIVERSE (@UniverseIce) August 16, 2024
Сепак, корисниците реагираа многу позитивно на рендерите објавени од Ice Universe – некои дури одат дотаму што велат дека станува збор за „убиец на iPhone“.
iPhone 16 Pro Max vs S25 Ultra pic.twitter.com/sYKjUVPAfS
— ICE UNIVERSE (@UniverseIce) August 15, 2024