Apple традиционално ги претставува новите модели на iPhone во септември, но се уште нема официјални најави.

Сепак, инсајдерите го прават своето, а според порталот CNMO Technology News, постои можност Apple да ја претстави новата серија iPhone 16 на 10 септември.

Марк Гурман од Блумберг во најновото издание на билтенот Power On изјави дека Apple нема да го одложи претставувањето на новите модели на iPhone 16.

Тој исто така изјави дека 10 септември може да биде датумот кога Apple ќе го одржи својот годишен настан.

Додека самиот Apple не го потврди овој датум, оваа информација, секако, треба да се земе со резерва.

Од објавувањето на серијата iPhone 15 минатата година, имаше гласини за следниот, а некои од најновите се однесуваат на димензиите на новите уреди.

Според претходните извештаи, iPhone 16 Pro ќе има екран од 6,3 инчи, додека iPhone 16 Pro Max ќе има екран од 6,9 инчи.

Исто така, iPhone 16 и iPhone 16 Plus наводно ќе ги задржат тековните големини на екранот од 6,1 инчи и 6,7 инчи, соодветно, но сите модели треба да имаат потенки рамки околу екранот.