Според најновото истражување на Consumer Intelligence Research Partners (CIRP), најновите модели на iPhone не ги исполниле очекувањата на пазарот.
Продажбата на линијата iPhone 15 во последниот квартал покажува значителен пад во однос на претходните години.
Според извештајот, четирите модели на iPhone 15 заедно сочинувале 67% од вкупната продажба на iPhone во последниот квартал, што е помалку од уделот од 79% што го имале моделите на iPhone 14 во истиот период претходната година.
Најголем пад е забележан кај основниот модел iPhone 15, кој оствари само 19% од продажбата, додека неговиот претходник, iPhone 14, имаше 24%.
Постарите модели забележаа пораст на продажбата
Единствениот модел кој задржа стабилен удел во продажбата беше iPhone Pro Max, кој зазеде 22% пазарен удел и во овој и во претходниот квартал.
Интересно е што постарите модели на iPhone, како што се iPhone 14 и 14 Plus, забележаа пораст во продажбата. Во вториот квартал од 2024 година, овие модели заедно учествуваа со 17% од продажбата, што е значителен скок во споредба со уделот од 11% на едногодишните модели на iPhone 13 и 13 mini во истиот период минатата година.
Дури и двегодишниот iPhone 13 покажа добра продажба, со удел од 10%, додека двегодишниот iPhone 12 имаше само 4% удел во истиот период минатата година.