Една од најпопуларните услуги за е-пошта добива функции за вештачка интелигенција.
ProtonMail е многу популарна, шифрирана услуга за е-пошта и се позиционираше како една од најдобрите опции за испраќање безбедни пораки преку Интернет.
Introducing Proton Scribe, the world's first private writing assistant that helps you compose and improve your emails in @ProtonMail to save time. https://t.co/6cdBUWjgiY
❌ doesn't log or save prompts
🚫 doesn't use your data for training
🔍 open-source code that anyone can… pic.twitter.com/VQqfyP7pK9— Proton Mail (@ProtonMail) July 18, 2024
Иако речиси сите услуги за е-пошта денес тврдат дека нивните производи ја почитуваат приватноста на корисниците, ProtonMail го прави тоа значително подобро од конкурентите како што се Gmail или Outlook.
Сега ProtonMail додава нова алатка за пишување Proton Scribe на својата услуга за е-пошта, која е достапна за сите корисници како додаток (add-on).
Proton Scribe им помага на корисниците да ја подобрат својата продуктивност со креирање е-пошта врз основа на прашања, додека вештачката интелигенција се грижи пораката да изгледа подобро, како и да биде граматички точна.
Од ProtonMail велат дека не се користат никакви податоци или информации за обука на Proton Scribe, ниту пак податоци се споделуваат со трети страни.
Proton истакнува дека алатката Proton Scribe доаѓа на веб и десктоп верзијата на услугата Proton Scribe. Чини 2,99 долари месечно и е бесплатен за корисниците на Proton Visionary и Lifetime.