Nothing ќе го претстави моделот Phone (2a) Plus на 31 јули, а сега протекоа комплетните спецификации на уредот.
Nothing Phone (2a) Plus ќе користи чипсет MediaTek Dimensity 7350, во комбинација со до 12 GB RAM, а тоа го откри и самата компанија претходно.
Phone (2a) Plus is powered by a world exclusive: the new MediaTek Dimensity 7350 Pro.
This 8-core processor clocks up to 3.0 GHz, making Phone (2a) Plus nearly 10% faster overall than Phone (2a). Born for gaming, the Mali-G610 MC4 GPU runs up to 1.3 GHz, making it 30% speedier… pic.twitter.com/pHfTUz5zm6
— Nothing (@nothing) July 25, 2024
Кога станува збор за останатите карактеристики, гласините сугерираат дека телефонот ќе има ист дисплеј како и моделот Phone (2a), односно ќе има големина од 6,7 инчи.
Ќе биде достапен во сива и црна боја, но со малку поинаков финиш во споредба со моделот (2a).
Nothing Phone (2a) Plus specifications leaked.
– 6.7-inch, 1080p, 120 Hz OLED, peak brightness of 1300 nits, HBM brightness of 1100 nits, Gorilla Glass 5
– 50 MP main camera with OIS + 50 MP ultra-wide
– 50 MP front
– 5000 mAh with 50W wired fast charging
– MediaTek Dimensity… pic.twitter.com/WdLHn3poVX— Noah Cat (@Cartidise) July 26, 2024
Селфи камерата е надградена до сензор од 50 MP, додека опцијата за полнење на батеријата е до 50 W. Овие два параметри, како и споменатиот нов чипсет, се единствените надградби кои Nothing Phone (2a) Plus ги имплементира во однос на моделот кој го нема Plus во името.
Nothing Phone (2a) Plus, наводно, ќе пристигне со две опции за меморија: 8GB и 12GB. Доаѓа и со 256 Gb простор за складирање податоци.