„Случајно“ рекламирање во Google Maps? Google вели дека тоа не е новост, но за корисниците е. И впечатокот е дека тоа може да биде многу наметливо, иритирачко, дури и опасно.
Ентони Хигман, корисник на Google Maps, прв забележа и објави информации за овој нов формат на рекламирање на социјалната мрежа X (поранешен Twitter). Додека возеше до Атлантик Сити, екранот на Хигман одеднаш покажа известување со опциите „Cancel“ и „Add stop“, сугерирајќи му да оди до блиската бензинска пумпа на Royal Farms.
„Проверете го овој неверојатен нов формат на реклами во апликацијата „Google Maps“, напиша Хигман на X.
„Впишав насоки до брегот и додека поминував покрај оваа бензинска пумпа, се појави реклама за Royal Farms со опција „додај станица“. Она што особено го загрижи Хигман е фактот што тој не пребарувал или пишувал никакви термини поврзани со гориво, храна или слични услуги.
Yo Check Out This Wild New Ad Format On The Google Maps App.
I Put In Directions Down The Shore And Then When I Passed This Gas Station This Royal Farms Ad Popped Up With "Add Stop"
I Didnt Type Anything In About Gas Or Food Or Anything? Anyone Know What Kind OF Ad Format This… pic.twitter.com/HiRfOZPo8n
— Anthony Higman (@AnthonyHigman) July 5, 2024
Грешка или нов начин на рекламирање?
Сè уште не е јасно зошто се појавило на iPhone-от на корисникот. Некои коментираат дека можеби имало системска грешка помеѓу Waze и Maps, кои се во сопственост на Google. Други мислат дека тоа е нова, идна функционалност. Ако е тоа така, тогаш овој нов пристап кон рекламирањето претставува значително отстапување од досегашната практика на Google Maps.
Наместо статични реклами или спонзорирани резултати од пребарувањето, апликацијата сега активно предлага дополнителни станици за време на самата навигација. Рекламата е јасно означена како „спонзорирана“, а корисниците имаат можност да го одбијат предлогот без да бидат автоматски пренасочени.
Google: „Не е ново“
Хигман истакна дека овој формат на рекламирање „исклучително го одвлекува вниманието“ за време на возењето, што покренува прашања за безбедноста и етиката на таквата практика. Интересен е податокот дека сличен метод на рекламирање веќе некое време е присутен и во апликацијата на Waze, која исто така е во сопственост на Google.
Меѓутоа, кога Mashable се обрати до Google за коментар, портпаролот им го кажа следново:
„Промовираните пинови за навигација не се нови – тие им овозможуваат на луѓето да гледаат релевантни реклами за бизниси, како што се бензински пумпи, ресторани и продавници на нивната рута. За да се избегне одвлекување на вниманието на возачите, овие реклами не се појавуваат, тие се прошируваат само кога ќе се допре, и брзо исчезнуваат по кратко време“.
Изјавата на портпаролката ја прифаќаме со скептицизам, затоа што можеби е пробен балон за да се види реакцијата на јавноста, во секој случај ако е широко применета – ќе биде на границата меѓу корисното и наметливото.