На почетокот на оваа година куче по име Peanut Butter официјално стана „speedrunner“ откако заврши игра со помош на неговиот сопственик.

Овој пат кучето играше поинаква игра, безбол симулација на Ken Griffey Jr. Presents MLB, а новина беше што не ја играше од дома, туку во самата сала на настанот.

Со цел кучето целосно да се концентрира на својот сопственик, посетителите на настанот AGDQ беа замолени да ја испразнат салата и да ги следат сите од друга локација.

И покрај некои компликации, планот сепак функционираше, па по 29 минути и 48 секунди успеа да го заврши натпреварот, односно да постави рекорд во својата категорија каде се уште нема конкуренција.

Во категоријата Dog Assistance, кучето користи специјално дизајниран контролер, а неговиот сопственик го поттикнува да притисне копчиња преку гласовни команди и награди со храна.

Главното правило е дека сопственикот на кучето не смее да го допира самиот контролер, или директно да влијае на самата игра.