Турција утрово го лансираше во орбитата својот прв комуникациски сателит од домашно производство „Турксат 6А“.
Ракетата SpaceX Falcon 9 лансираше сателит во вселената од станицата на вселенските сили Кејп Канаверал на Флорида, јавува „Анадолија“.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека лансирањето на тој сателит го означува почетокот на новата фаза за Турција во производството на сателити.