Хаваи стана првата американска држава која донесе закон со кој се забранува продажба на сите средства за заштита од сонце кои имаат хемикалии за кои е познато дека им штетат на коралните гребени објави BBC.
Предлог-законот забранува продажба на средства за заштита од сончање што ги содржат хемикалиите оксибензон и октиноксат, за кои дел од научниците велат дека се штетни за коралите. Овие хемикалии се користат во повеќе од 3.500 најпопуларни производи за сончање.
Предлог-законот, кој ќе стапи на сила во 2021 година, сега го чека потписот на гувернерот Дејвид Иге.
Сенаторот Мајк Габард го претстави нацрт-законот со кој предлага да се стави крај на продажбата на сите средства за заштита од сонце, кои се земаат без рецепт и кои содржат оксибензон и октиноксат, во целата држава.
„Хаваите дефинитивно ќе ги забрани овие опасни хемикалии во средствата за сончање“, изјави Габард.
Во предлог-законот се наведува дека хемикалиите ги убиваат коралите, го зголемуваат избледувањето на коралите и предизвикуваат „генетско оштетување на коралите и другите морски организми“.