Кина изгради своја верзија на мозочен чип сличен на Neuralink и го искористи за да покаже како мајмун може да го користи за да управува со роботска рака со само размислување.
Мајмун со имплант по име Neucyber држеше јагода со роботска рака, а самиот чип е развиен од институтот „Beijing Xinzhida Neurotechnology“, објави Ројтерс, цитирајќи ја кинеската новинска агенција Ксинхуа.
„Овој чип доловува суптилни промени во електричните сигнали на мозокот и на тој начин постигнува мислите да ги контролираат дејствата, овозможувајќи контрола на машините без физички контакт“, рече професорот Луо Минмин од Универзитетот Цингхуа, кој учествуваше во овој проект.
Чипот Neucyber се состои од флексибилни микроелектроди, два „уреди за стекнување на нервни сигнали“ и „генеративен алгоритам за невронско декодирање“, пренесува Ројтерс.
За разлика од компанијата на Илон Маск, Neuralink, која започна со испитувања на луѓе и чиј прв човечки пациент може да игра игри како Civilization VI и Mario Kart, тие сè уште не започнале со човечки тестови на нивниот имплант во Кина.