Кинеска компанија соопшти дека го направила првиот робот во светот кој може да направи салто назад без хидраулика.
Компанијата Unitree соопшти дека овој робот е поспособен од конкуренцијата, бидејќи и други компании имаат слични машини, но користат тешка и склона кон дефекти хидраулика за „скокање“ и потоа се приземјуваат на двете нозе.
Роботот се вика H1, а како „зглобови“ користи електромотори М107, од кои секој има 360 Nm максимален вртежен момент.
Секоја нога може да ротира три степени на колковите, плус на коленото и на зглобот.
Инаку, роботот е висок 1,8 метри, тежи 47 килограми и може да крене 30 килограми. Тоа не му дава „човечки“ изглед, како што е случајот со роботите Tesla или Figure, но сепак е сфера на која треба да се работи.
Се претпоставува дека цената на H1 ќе биде околу 90.000 долари, но тешко дека ќе излезе на пазарот во следните десет години.