Google издаде упатства на корисниците како да ги повратат изгубените датотеки на Drive, доколку се изгубени поради неодамнешна грешка.
Кон средината на ноември, Google објави дека десктоп апликацијата Drive е виновна што одредени корисници имаат проблеми со програмата, па дури и ги губат податоците.
Сега, решението за овој проблем е објавено и постои начин да ги вратите вашите документи, иако тоа не е толку лесно како што може да изгледа на прв поглед.
Откако ќе ја преземете и инсталирате најновата верзија на апликацијата Google Drive за Windows или macOS, треба да кликнете на иконата Drive, потоа држете „Shift“ на тастатурата и изберете „Settings“ од менито.
Следно што ви треба е да изберете „Recover from backups“ и ако се е во ред, ќе ја видите пораката „Recovery has started“ и потоа папката „Google Drive recovery“ каде што ќе бидат поставени фајловите што се обновени.