Најпопуларната социјална мрежа на планетата Facebook, воведе новина инспирирана од „Редит“ – интернет заедница каде популарноста на објавите функционира на принцип на гласање.
Настојувајќи да создаде добар имиџ во очите на корисниците, Facebook воведе функција која го направи „Редит“ тоа што е, а тоа е состав на гласање, кој наместо лајк и дислајк на објавите и коментарите, има глас надолу и глас нагоре.
Пробниот полигон за новата функција се Соединетите Американски Држави, а од неодамна и Австралија и Нов Зеланд. Новата алатка се користи за јавни објави и коментари. Од Facebook инсистираат дека не станува збор за „дислајк“, иако може да се донесе сосема спротивен заклучок.
Со воведувањето на гласањето, Facebook сака да ги поттикне корисниците да дадат негативна оцена кога ќе наидат на лош коментар. Како корисниците ќе го користат сето ова, ќе дознаеме наскоро. Всушност, ако идејата успеала на „Редит“, зошто не би успеала и на Facebook?
Извор: Tportal.hr