Grand Theft Auto 6, како и обично, ќе се игра прво на конзолите, а дури подоцна и на платформата за компјутер.
Иако ова е пракса на студиото Rockstar веќе 22 години, некои беа изненадени од оваа информација, па повторно започнаа дискусии зошто ова е единствениот издавач чии игри доцнат со доаѓањето на компјутер денес.
Во врска со ова се огласи и поранешниот вработен во Rockstar, Мајк Јорк, кој работеше на GTA 5. Да потсетиме дека GTA 5 беше продолжението кое играчите на PC го чекаа најдолго – дури 19 месеци подолго од публиката на конзолите.
Објаснувањето на Јорк е всушност прилично едноставно – тој наведува дека на верзијата за компјутер и е потребно подолго време да се оптимизира за поширок опсег на хардвер. Сите го знаат тоа, но вистинското прашање е зошто верзијата за компјутер не е приоритет за развој.
„Причината зошто PC port доаѓа подоцна е затоа што тие сакаат да дадат приоритет на она што се продава“, вели Јорк.
Rockstar никогаш не ги открива резултатите од продажбата на нивните игри по платформа, така што нема транспарентни информации за тоа колку добро или лошо се продава GTA на компјутер наспроти верзиите на конзолата. Сепак, податоците укажуваат на многу позначајна продажба на конзоли.