Се одржа уште едно издание на најстарата церемонија на доделување награди за најдобри видео игри, наградите Golden Joystick Awards. Ако тоа е увертира за претстојната сезона на награди, знаеме кој наслов би можел да ги надмине сите други.
Baldur’s Gate 3 постигна нешто необично – победи во сите категории во кои беше номиниран од гласовите на публиката.
Оваа видео игра всушност имаше осум номинации, но две од нив беа за најдобра глума, а само една можеше да победи.
На тој начин, Baldur’s Gate 3 ги доби наградите за: најдобра игра на годината, најдобра компјутерска игра на годината, најдобра приказна, најдобар визуелен дизајн, најдобра заедница и најдобра споредна машка улога.
Дополнително, Larian ја доби и наградата за најдобро студио на годината.
Единствената видео игра која досега има добиено повеќе од една награда е Final Fantasy 16, за најдобар звук и најдобар главен актер.