Qualcomm претстави нов чип: Snapdragon 7 Gen 3, и тие имаат за цел да го направат да биде првиот избор за повеќето уреди од средната класа во иднина.
Qualcomm launches Snapdragon 7 Gen 3 chipset! 50% improvement in GPU performance compared to 7 Gen 1, 15% in CPU & comes w/ Hexagon NPU. 20% better power savings too. Sits b/w 7 Gen 1 & 7+ Gen 2.
First phones with this launching as soon as this month from HONOR & Vivo#Snapdragon pic.twitter.com/4evkmp9HZ1— Techno Guy (@technoguy545) November 17, 2023
Интересно е што Qualcomm ги истакнува брзината, перформансите и однесувањето на AI на новиот чип, но го споредува со Snapdragon 7 Gen 1 наместо со Snapdragon 7 Gen 2 серијата.
Како што е наведено, примарното јадро е Kryo и е клокнат на 2,63 GHz, потоа има уште три јадра на 2,4 GHz, како и четири кои работат на 1,8 GHz. Нема детали за тоа како биле тестирани јадрата, но се вели дека чипот е 20% поефикасен во целина од Snapdragon 7 Gen 1.
Не се знае точно кој графички процесор Adreno е користен, но компанијата тврди дека графичката обработка е 50% побрза за HDR видео игрите во споредба со Adreno 644 што се наоѓа во чипот Snapdragon 7 Gen 1.
Новиот чип доаѓа со системот Snapdragon X63 5G Modem-RF и поддржува Wi-Fi 6E и Bluetooth 5.3. Некои други интересни карактеристики вклучуваат поддршка за освежување на екранот до 168 Hz, како и LPDDR5 RAM до 3.200 MHz.
Меѓу првите брендови кои ќе го вклучат Snapdragon 7 Gen 3 во своите телефони се Honor и Vivo, а првиот таков уред треба да излезе овој месец.