На интернет се појавија информациите за новиот Samsung уред со шифра SM-G893. Следејќи ја логиката на корејската компанија во користењето кодови и именувањето на производите, тоа треба да биде Galaxy S9 Active.
Објавените спецификации, кои вклучуваат процесор Snapdragon 845, 5.8-инчен дисплеј со резолуција 2960×1440 и двојна камера со 12- и 8-мегапиксели сензори, исто така водат до овој заклучок.
Најинтересен дел од спецификациите во овој случај е батеријата со капацитет од 4000 mAh. Samsung ја користеше истата батерија во минатогодишното Active издание на својот предводник.