Американскиот претприемач и сопственик на компанијата X Илон Маск има намера да го блокира пристапот до истоимената платформа во Европа за да го избегне новиот Закон за дигитални услуги (DSA) во ЕУ.
Според извор запознаен со ситуацијата, Маск е се повеќе фрустриран поради тоа што мора да го почитува новиот европски закон за платформата X и размислува како да го блокира пристапот до оваа мрежа во ЕУ, пренесува Business Insider.
Законот за дигитални услуги стапи на сила во август и бара од големите онлајн платформи како што е X да имаат ефикасни и транспарентни системи за ублажување и отстранување на лажни, штетни и погрешни информации.
Маск се сретна со европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон најмалку двапати оваа година за да открие што треба да направи X за да се усогласи со DSA, но сега го изгубил трпението, според друг извор запознаен со ситуацијата.
Поврзани артикли