Листата на најпродавани видео игри во септември оваа година е објавена, а во споредба со истиот период во 2022 година, бројките се намалени за околу 16 отсто.
Кога ќе се земе предвид дека септември минатата година имаше пет недели, а оваа четири, сепак, продажбата на игри е горе-долу иста – разликата е само еден процент.
На листата на најпродавани игри, една има апсолутна доминација на сите големи европски пазари – тоа е EA Sports FC 2024, кој е наследник на иконскиот серијал на FIFA.
Втората најпродавана игра е Starfield, но Forza Horizon 5 и понатаму останува најголемиот Xbox хит на оваа генерација. Во првите четири недели, Starfield се продаде 13 проценти полошо од Forza Horizon 5.
Продадени се околу 38 отсто повеќе конзоли од минатата година, а Sony Playstation 5, се разбира, води на оваа листа.
Подолу е листа на десетте најпродавани видео игри во септември 2023 година:
1. EA Sports FC 24
2. Starfield
3. NBA 2K24
4. The Crew Motorfest
5. Mortal Kombat 1
6. Payday 3
7. Grand Theft Auto 5
8. Red Dead Redemption 2
9. Titanfall 2
10. Hogwarts Legacy