Девојка од Шкотска морала да го смени името бидејќи телефоните постојано се активирале во нејзина близина.
Таа работи во фитнес, а името го добила од старонордискиот збор за „убава жена која те води до победа“. Меѓутоа, Сири Прајс неодамна мораше да го промени тоа, па сега се вика Сиз.
Веќе ви е јасно во што беше проблемот – се викаше исто како виртуелниот асистент што Apple го става на своите уреди (Siri – Interpretation and Recognition Interface).
Секогаш кога некој и се обраќал на оваа девојка со „еј Сири“, се активирал гласовниот асистент на телефоните, што особено било често во теретаната каде што била вработена.
Тие што доаѓаат во теретана обично така ја викале, а на нејзиното момче му требало долго време да се навикне да и се обраќа поинаку. Со неодамнешната промена воведена од Apple, проблемите станаа уште поголеми – сега се што треба да направите е да кажете „Siri“.
„Луѓето веќе не можат ни да го изговорат моето име – бесна сум“, изјави таа за британските медиуми, објаснувајќи зошто одлучила да го промени своето име во Сиз.
Таа не е единствената со ваков проблем. Благодарение на „асистентката“ на Amazon по име Алекса, многу жени ширум светот имаат сличен проблем.