Microsoft постави цели за фискалната 2023 година.
Според интерните документи од правната битка на Microsoft со Федералната трговска комисија за купувањето на Activision Blizzard, Windows 11 би можел да стане дел од cloud-от за корисниците.
Додека Microsoft веќе ја нуди оваа услуга под името Windows 365 за деловни корисници, планира да го прошири оперативниот систем на облак и за сите други. Тоа значи дека наскоро може да биде можно стриминг и користење на Windows 11 на кој било кориснички уред, пишува ICT Business.
Microsoft постави цели за фискалната 2023 година, вклучително и „развој на компјутери во cloud со системот Windows 365“. Исто така, сака да изгради поширока приказна базирана на Windows 365 за да овозможи целосен оперативен систем Windows достапен преку облакот на кој било уред.
Најинтересниот аспект е споредбата на cloud-от и вештачката интелигенција за да се подобрат услугите и да се овозможи целосно дигитално корисничко искуство во роаминг, што Microsoft веќе го прави со Windows 365, вклучително и интеграција со Task View во Windows 11 и Windows 365 Boot за стартување компјутер во cloud-от кога се најавувате на физички компјутер со Windows .