По првичната возбуда во првите недели од новата социјална мрежа, Threads веќе не привлекува толку внимание.
Марк Цукерберг и Meta го лансираа Threads како главен конкурент на Twitter. На самиот почеток, во текот на првите недели, Threads стана најбрзо растечката апликација во светот и за само неколку дена привлече повеќе од 100 милиони корисници.
Сепак, по првичната возбуда предизвикана од новитетот на Интернет, корисниците ја преземале апликацијата, гледале што има на неа, креирале профили – а потоа голем број од нив ја напуштиле мрежата и повеќе не се вратиле.
Според Ројтерс, речиси половина од оние корисници кои првично креирале профили на оваа мрежа, не се вратиле.
Цукерберг, очигледно, го очекувал тоа, што го потврди и на средбата со акционерите. Сепак, тој верува дека бројот на корисници на Threeads ќе се стабилизира, а во тоа ќе помогнат новите функции кои се подготвуваат за платформата.
Останува да се види колку добро новите функции ќе ги привлечат и задржат корисниците. Во минатото, Meta не можеше да ги задржи корисниците на своите нови проекти, а одличен пример за тоа е Metaverse, кој се покажа како проект кој не беше толку популарен и профитабилен како што се очекуваше.