„Твитер“ се соочува со уште една тужба откога компанијата беше обвинета дека не платила за услуги за работа во канцелариите во Лондон, Даблин, Сиднеј и во Сингапур.
Инфраструктурната компанија со седиште во Сиднеј, Facilitate, бара заедничка исплата на повеќе од 1 милион австралиски долари или 666.000 долари поради долгови, кои датираат од октомври минатата година кога Илон Маск го купи „Твитер“.
Facilitate осигурила инсталации на сензори во Лондон и Даблин и опремување на уредите во Сингапур, а во Австралија ја затвори канцеларијата на „Твитер“ во Сиднеј и привремено складира содржина од неа, според документите за случајот до кои дојде „Гардијан“.
Случајот беше поднесен во Окружниот суд на САД во Северна Калифорнија кон крајот на јуни. Од компанијата велат дека откако Маск го презел „Твитер“, социјалната мрежа не ги оспорила фактурите, туку, едноставно, не ги платила. Facilitate бара компензација за штетите и трошоците.
„Твитер“ допрва треба да поднесе одбрана, а оваа тужба е само една од серијата со која компанијата се соочи откога Маск ја презеде функцијата.
„’Твитер’ престана да плаќа кирија за некои свои канцеларии и неколку доставувачи. „Твитер“ исто така откажа многу договори и престана да им плаќа на луѓето на кои им должи пари“, соопшти компанијата во тужбата.
Поради масовните отпуштања во „Твитер“ по преземањето на Маск кон крајот на минатата година, компанијата повеќе нема оддел за односи со јавноста. Барањето за коментар за случајот испратено на поранешната имејл-адреса од „Гардијан“ доби емотикон како автоматизиран одговор.