Samsung се подготвува да го претстави најновиот член во рамките на својата актуелна Galaxy S21 серија премиум телефони. За август е планирана објава на Galaxy S21 FE моделот.

Сега најновите информации сугерираат рамковна цена на претстојниот уред. Се очекува дека Galaxy S21 FE ќе чини помеѓу 625 долари и 720 долари на пазарот на Јужна Кореја. Доколку тоа се обистини, телефонот ќе биде значајно подостапен во однос на остатокот на S21 серија.

Кога е во прашање дизајнот, гласините споменуваат дека во најголема мерка ќе биде сличен на дизајнот на стандардниот Galaxy S21 модел. Што се однесува до спецификациите, се очекува Infinity-O, Super AMOLED екран од 6,4 или 6,5 инчи, со FHD+ резолуција и 120 120Hz освежување. На задната страна ќе се најде “glasstic” дизајн и три камери.

Речиси е сигурно дека Galaxy S21 FE ќе го покренува Snapdragon 888 чипсет, со 6GB RAM и 128GB простор за складирање како почетна конфигурација, како што неодамна откри Geekbench листинг.