Сопственикот на Twitter, Илон Маск, ги потврди плановите и шпекулациите дека популарната социјална мрежа ќе го смени името.
Под објавата на „Дејли њуз“ на Twitter, во коментар на веста дека буквата „Х“ може да го замени сегашното име на социјалната мрежа, како и логото на сината птица, тој кратко напиша: „Вистина“.
True
— Elon Musk (@elonmusk) June 1, 2023
Маск и претходно навести дека Twitter во иднина би можел да го промени брендирањето и името.
Дополнително, тој посочи дека новата платформа „Х“ ќе има многу поголем избор при објавување содржини со подолг формат, видеа, пораки, како и други функции и услуги.