Група на јапонски научници разви соларни ќелии кои што се исклучително тенки, лесни и можат да се постават на облека со цел корисникот да создава енергија во движење.
Фотонапонските ќелии имаат дебелина од само 3 микрометри (како пајакова мрежа), а може да се залепат на било кое парче ткаенина. Тие поднесуваат темература до 100 степени Целзиусови, што значи дека таа ткаенина ќе можете слободно да ја исперете без да се грижите дали соларната ќелија ќе се одлепи или уништи.
Иако се уште станува збор само за прототип, јапонските научници истакнуваат дека ваквите флексибилни фотонапонски ќелии би можеле да се користат за полнење на преносните уреди во движење.
Освен тоа, ваквите соларни ќелии би можеле да бидат монтирани и на шатори со цел да создаваат електрична енергија во подрачјата кои што на пример се погодени од природна катастрофа, или пак на камп местата каде што нема електрична мрежа.
Јапонските научници имаат во план да ја подобрат издржливоста и отпорноста на фотонапонските ќелии со цел истите да ѝ бидат достапни на пошироката јавност најдоцна до 2020-та година.
Извор: Точка