Google отвори јавен пристап до својот chatbot Bard за да добие повратни информации од новите корисници кои можат да му помогнат во трката со Microsoft за развој на технологија за вештачка интелигенција.
Почнувајќи од САД и Обединетото Кралство, корисниците можат да бидат ставени на листа на чекање за пристап на англиски јазик до Bard, програма која претходно беше отворена само за оние кои ја тестирале. Google го опишува Bard како експеримент кој овозможува соработка со генеративна вештачка интелигенција, технологија која се базира на податоци од минатото за да создаде нова содржина.
По минатогодишното лансирање на ChatGPT, чет-бот од стартапот OpenAI поддржан од Мајкрософт, започна трка во технолошкиот сектор за вештачката интелигенција да достигне што е можно повеќе корисници.
Очекувањата се дека вештачката интелигенција ќе го преобликува начинот на кој работат луѓето и ќе ги привлече деловните корисници.