Од Јапонија пристигнува необичен производ, кој изгледа чудно, но има корисна функција.
Јапонската компанија Shiftall создаде уред, наречен Mutalk, кој спаѓа во категоријата безжични Bluetooth микрофони.
Она што го издвојува уредот од другите со слична намена е тоа што е наменет да го слуша само корисникот кој го носи.
Mutalk го користи принципот на резонатор на Хелмхолц, а овој вид на „муцка“ се става над устата на корисникот и ја намалува јачината на гласот за 30 децибели.
Корисниците можат да зборуваат исклучително гласно во уредот без да влијаат на околината и да звучат како да зборуваат во перница. Покрај тоа, Mutalk ги исклучува амбиенталните звуци.
За хигиената на апаратот се погрижила и компанијата Shiftall, па од внатрешната страна има заменливи влошки кои ја впиваат плунката и може да се перат.
Кога станува збор за цената, Mutalk чини 200 долари во САД.