Децентрализираната социјална мрежа Мастодон во последно време ужива огромна популарност.
Според најновата блог објава на Јуџин Речко, основачот и главен развивач на платформата, социјалната мрежа ја зголеми својата корисничка база од 300.000 месечни активни корисници на 2,5 милиони во периодот октомври-ноември.
Токму ова е периодот кога Твитер го презеде милијардерот Илон Маск. Овој успех е уште поимпресивен ако се знае дека Мастодон не е единствената алтернатива на Твитер.
Секако, сè што се случи со Маск и неговото преземање на Твитер значително помогнаа голем број корисници да бараат алтернативни услуги. Останува да се види дали овој нагорен тренд за Мастодон ќе продолжи и во декември.
Мастодон постои околу шест години и користи бесплатен софтвер со отворен код кој му овозможува на секој да управува со платформа за социјални медиуми целосно на своја инфраструктура и под своја контрола.
Иако сè уште не може да се спореди со Твитер, кој има околу 250 милиони активни корисници дневно, Мастодон е добра алтернатива за оние кои повеќе не го сакаат Твитер. Иако, многу корисници на Твитер, исто така, користат Мастодон во исто време.