Microsoft ги извести корисниците на Windows за новооткриениот проблем преку најновото Patch Tuesday ажурирање.
Според компанијата, корисниците на софтверот Windows 10 и 11 може да забележат проблеми со апликациите кои користат ODBC конекција (sqlsrv32.dll) за пристап до базите на податоци.
Засегнатите апликации може да ја прикажат следнава порака:
The EMS System encountered a problem” with “Message: [Microsoft][ODBC SQL Server Driver] Protocol error in TDS Stream” or “Message: [Microsoft][ODBC SQL Server Driver]Unknown token received from SQL Server.
Официјалната документација на Windows Health Dashboard вели дека грешката влијае на верзиите на клиентот и серверот на Windows 7, 8.1, 10 и 11. Во моментов нема опции за замена, па засегнатите корисници мора да чекаат софтверскиот гигант да објави закрпи во идните ажурирања.
Ако сакате да знаете дали вашиот компјутер содржи апликации кои се погодени од оваа грешка, стартувајте која било програма што користи база на податоци, отворете Command Prompt и напишете tasklist /m sqlsrv32.dll команда.