Xiaomi се здружи со уметникот Даниел Аршам и заедно создадоа уникатна верзија на паметниот телефон Xiaomi 12T Pro.
Уредот наречен Xiaomi 12T Pro Daniel Arsham е достапен во ограничени количини, односно само 2.000 примероци, а нарачките однапред се прифаќаат до 11 декември.
Клиентите од Франција, Германија, Италија и Шпанија можат да го нарачаат паметниот телефон.
Цената на специјалниот модел со 12 GB RAM и 256 GB меморија е 900 евра, додека верзијата со 8 GB RAM и 256 GB меморија чини 800 евра.
Аршам се одлучи за изгледот на патина или стар бакар, а паметниот телефон има претходно инсталирана тема што го следи овој изглед.
Полначот и USB-кабелот се дел од пакувањето и се во иста боја, а заштитната маска е проѕирна за да не го „скрие“ интересниот дизајн на уредот.