Во текот на вчерашниот ден Apple ги откри новите iPhone 8 и 8 Plus со црвена боја. Моделите се дел од партнерството помеѓу Apple и (RED), непрофитна организација која се бори против ХИВ и сида во Африка
Во основа, двата нови модели се идентични со основните iPhone 8 и 8 Plus модели, со тоа што новите уреди имаат целосно црвено стаклено тело. Тие ја надополнуваат линијата на телефони iPhone 8, кои досега беа достапни во сива, сребрена и златна боја.
Телефоните се достапни во верзии со 64 GB и 256 GB внатрешна меморија, а цената на двете верзии е 699, односно 799 долари.
Покрај црвените iPhone уреди, Apple претстави и посебна кожна футрола за iPhone X која е направена, како што истакнуваат, од квалитетна европска кожа. Наречена Leather Folio, оваа футрола доаѓа во црвена боја и е исто така дел од (PRODUCT) RED производите.