Компанијата Инстаграм успеа да го реши проблемот поради кој милиони корисници беа известени дека нивните профили се суспендирани.
Корисниците почнаа да го пријавуваат проблемот во понеделникот, а милиони пријавија дека биле известени за суспензијата на нивната сметка на 31 октомври. Се чини дека проблемот е ограничен на корисниците на iPhone кои потврдија дека апликацијата Instagram е нестабилна и паѓа во последно време.
„Го поправивме овој баг поради кој луѓето од различни делови на светот имаат проблем со пристапот до нивните профили. Извинете“, објави Инстаграм.
Профилот на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо за еден ден „изгуби“ 3 милиони следбеници, но таа бројка е вратена на 493 милиони. Дури и самиот официјален профил на Инстаграм остана без повеќе од милион следбеници.