Познајниците и пријателите што ги имате на WhatsApp од неодамна можат да ве шпионираат благодарение на една апликација.
Новата апликација за iOS на корисниците им овозможува да ги следат своите контакти во WhatsApp така што проверуваат кога тие ја активираат или исклучуваат апликацијата.
Апликацијата ChatWatch го бележи проверувањето на онлајн-статусот наместо корисникот, давајќи увид во активностите на неговите контакти. Компанијата што ја развила апликацијата тврди дека е невозможно да се избегне нивното будно око. Не помага ни исклучувањето на функцијата „Последен пат виден“.
ChatWatch може да ги следи контактите дури и тогаш кога корисникот не е во апликацијата, со едноставно започнување разговор (без испраќање пораки). Увидот не остава никакви траги, а на корисникот му дава до знаење колку време неговиот контакт поминува разговарајќи.