Тригодишни сијамски близнаци од Бразил, чии мозоци беа споени, успешно беа одвоени по 33 часа операција.
Бернардо и Артур Лима беа оперирани во Рио де Жанеиро, неодамна, според упатствата од болницата Great Ormond Street во Лондон. Тимовите со месеци ја вежбаа техниката со помош на виртуелна реалност, базирана на КТ и МРИ скенови.
Близнаците имале седум операции, кои вклучувале повеќе од 27 часа труд само во последната операција. Учествуваа речиси 100 медицински работници.
Како што објави добротворната организација Gemini Untwined, која ја финансираше операцијата, ова беше еден од најкомплексните процеси што некогаш биле направени во медицината.
Шефот на операцијата и директор на организацијата, педијатрискиот хирург Нур ул Овасе Џилани, рече дека за прв пат хирурзите во различни земји носеле слушалки и оперирале заедно во иста „соба за виртуелна реалност“.
Џилани ја опиша операцијата како огромно достигнување и „производ на вселенската ера“, пренесува CNN.
„Успешното одвојување на Бернард и Артур е извонредно достигнување на тимот во Рио де Жанеиро. Не само што обезбедивме нова иднина за момчињата и нивното семејство, туку и го охрабривме локалниот тим со вештини и самодоверба успешно да преземе таква сложена работа повторно во иднина“, рече Џилани.
Тој рече дека бил „апсолутно уништен“ по операцијата од 27 часа, во која направил само четири паузи од 15 минути за храна и вода, но било „прекрасно“ да се види како се чувствува семејството потоа.
Близнаците добро закрепнуваат во болница каде се на шестмесечна рехабилитација.
Ова беше шеста постапка за разделување на Џилани со Gemini Untwined, кој претходно оперирал близнаци од Пакистан, Судан, Израел и Турција.
Поврзани артикли