Компанијата Sony пред неколку дена го претстави бета фирмверот за својата најнова конзола PlayStation 5. Оваа надградба носи со себе две многу барани функции – излез од 1440p и фолдери за игри.
Функцијата на излез од 1440p е прилично едноставна. Конзолата PlayStation 5 сега ќе може да работи во резолуција од 2560 x 1440 пиксели, заедно со 720p, 1080p и 2160p. Оваа функција беше многу барана уште од времето на PlayStation 4 Pro, но дури сега доаѓа на конзолата на јапонската компанија. Потсетуваме дека Microsoft ја има оваа функција уште од Xbox One X.
Игрите што се прикажуваат внатрешно на 1440p или пониска ќе се прикажуваат со нивната основна резолуција, додека игрите што се прикажуваат на 2160p ќе бидат намалени на 1440p.
Sony неодамна ги претстави гејмерските монитори INZONE, од кои едниот има резолуција од 1440p. Потоа следеше истата функција за PlayStation 5. Ова не е прв пат Sony да одлучи да го одложи додавањето на функција на својата конзола за да ја синхронизира со другите производи. Исто така, поддршката за VRR за PlayStation 5 пристигна само откако телевизорите на Sony добија поддршка за VRR пред конзолата, претходно оваа година.
Друга барана карактеристика што пристигнува со новото ажурирање се фолдерите или „gamelists“, како што ги нарекува Sony. Така, сега корисниците на PlayStation 5 ќе можат да креираат списоци на игри во различни персонализирани папки. Максималниот број на папки е 15, но секоја папка може да има 100 игри на листата.
Ова беше исто така многу барана функција, бидејќи моментално сите преземени игри се едноставно „фрлени“ на едно место, без простор за нивно организирање. Значи, не е јасно зошто на Sony му требаше толку време да ја додаде оваа функција на PS5.