Минатата година биле продадени околу 1,5 милијарда паметни телефони. Овој број ќе расте, проценува аналитичката компанија IDS. Трошокот за набавка на нов смартфон може да се намали така што ќе го продадете стариот. Еве што треба да земете во предвид.
Дали треба да се ослободите од паметниот телефон?
Постојат повеќе причини зошто треба да го задржите стариот телефон. На пример, можете да му го дадете на вашето дете, да го чувате како резерва или да го користите како уред за музика или далечински управувач. При донесувањето на одлуката треба да имате предвид дека колку повеќе го одложувате продавањето, толку помалку пари ќе добиете за стариот телефон.
Пронајдете ја оригиналната кутија или опрема
Ако сакате да го продадете телефонот, добро е да ја пронајдете кутијата во која сте го купиле и опремата, како што се полнач, кабел, слушалки и слично. Така полесно ќе го продадете.
Колку вреди вашиот телефон?
Зависи од неколку факти. Да речеме, за мобилен во одлична состојба и цела опрема купувачот ќе биде подготвен да плати повеќе. Секако, потребно е да го анализирате пазарот пред да го дадете на оглас. Погледнете во другите огласи по која цена се нудат исти или слични уреди и распрашајте се за можноста за замена.
Замена старо за ново
Немате време за продажба и купувачи? Можете да се обидете да го замените стариот за нов. За оваа опција паметниот телефон треба да биде исправен и вратен на фабричките поставки.
Подгответе го телефонот за бришење податоци
Пред продажбата на телефонот исчистете го за вашите приватни податоци да не завршат во туѓи раце. Направете копија од сите важни податоци. Потоа исклучете го „Activation Lock“ и „Factory Reset Protection“ ако биле вклучени. Пред бришење на податоците добро би било да се одјавите од сите профили. Извадете ги СИМ-картичката и мемориската картичка, па исклучете го мобилниот телефон. Потоа повторно вклучете го и проверете дали батеријата е барем 50 отсто полна. Сега сте подготвени за бришење.
Како да избришете податоци од iPhone?
Одјавете се од iCloud, iTunes и App Store. За iOS 10.3 или понова верзија одете: Settings, па изберете го вашето име. Изберете да се одјавите. Напишете ја „Apple ID“ и лозинката, изберете Turn Off. За постар iOS: Settings, iCloud, Sign Out. Повторно Sign Out па Delete from My (името на уредот). Внесете ја лозинката за Apple ID. Отворете Settings, iTunes & App Store, Apple ID и Sign Out, a потоа Settings, General, Reset, Erase All Content and Settings. Внесете ги Apple ID и лозинката. Изберете Erase.
Како да избришете Android?
Бришењето на „Андроид“ варира во зависност од произведувачот. Ова е постапката за „Samsung“. Одете Settings, Lock screen and security, Screen lock type и None. Отстранете ја корисничката сметка на „Гугл“: Settings, Cloud & accounts и Account. Изберете „Гугл“, па во горниот десен агол или More и Remove Account.
Како да го вратите паметниот телефон на фабрички поставки?
Отворете Settings, па Backup & reset и Factory data reset, a потоа изберете Reset phone или Reset Device. За „Самсунг“ линијата „Галакси“, изберете Settings, General Menagment, Reset, Factory data и изберете Reset Device.
Што со дополнителната опрема?
Ако сакате да се ослободите од мобилниот, веројатно нема да ви требаат футролата, безжичниот полнач, преносната батерија или каква било друга дополнителна опрема доколку не одговара на новиот паметен телефон. Можете да се обидете да ги продадете заедно со мобилниот телефон за поголема цена или посебно. Ако не оди продажбата, можете да ги подарите.
Извор: Tportal.hr